Поради потврдена болест птичји грип кај две угинати птици во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) апелира до граѓаните ако пронајдат угинати диви видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на , или ветеринарните друштва.
Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите.