Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да го сториме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој оцени дека 2024-та ќе ја завршиме со 3,5 отсто инфлација, а годинава, како што напомена, треба да биде добра на економски план.
Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да го сториме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. A1on
Преку Инспекторатот внимателно ја следиме состојбата и ќе интервенираме ако е потреебно, а можеме да интевренираме веднаш со ограничување на цените, но сакаме да не го употребиме тој инструмент.
За разлика од еврозноата, каде поскапувањето на струјата беше 15 – 20 отсто во некои држави, ние не ја зголемивме цената на електричната енергија која е значаен инпут и влијае врз цената на чинење на готовиот производ“, истакна Мицкоски по посетата на Штип. Telma
Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски, во однос на цените на производите, потсети и дека во земјава не беше поскапена струјата како во некои од државите на еврозоната каде поскапувањето достигна 15 до 20 отсто, што, нагласи, влијае врз цените на крајните производи.
Полека, но сигурно во втората половина на декември се стабилизираа цените на основните производи кои дел од трговците вештачки ги поткренаа што претставуваше голем шок и удар за граѓаните. Biznisvesti
Премиерот Христијан Мицкоски најави разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго ако се докаже дека ја убил мечката со кој што беше фотографиран.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе следи одговорност за заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго, ако се утврди дека тој ја застрелал мечката со која се фотографираше во декември.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска истакна дека нејзиното вето на Законот за заштита на децата не било мотивирано од партиски совети или намери за навреда, туку од почитување на Уставот и законите.
Претседателката одби да го потпише указот кој предвидува двојазични лиценци Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, го стави своето прво вето со одбивање да го потпише указот за Законот за заштита на децата, кој предвидува воведување на двојазични лиценци во градинките.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите бегалци од правдата да се вратат во земјава и да се соочаат со доказите за да може да се види дали се виновни.
Вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека двата члена од Законот за заштита на децата, кои беа оспорени од претседателката на државата, ќе бидат коригирани и вратени во собраниска процедура, за опозициската ДУИ претставува јасно откривање на неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека членовите 9 и 10 од Законот за заштита на децата, кои беа оспорени од претседателката на државата, ќе бидат коригирани и вратени во собраниска процедура.
Мицкоски не сака да коментира и да се меша во внатрешните работи на Бугарија по повод прекинот на договорите за формирање на политичка влада во Софија.
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да коментира за процесот на преговори околу формирањето нова влада во Бугарија, но оцени дека би било добро Софија да добие стабилна политичка влада – Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада.