Вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека двата члена од Законот за заштита на децата, кои беа оспорени од претседателката на државата, ќе бидат коригирани и вратени во собраниска процедура, за опозициската ДУИ претставува јасно откривање на неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик. Libertas
Има точно определно име и презиме на службеници во Министерството за социјална политика, демографија и млади што ги направиле измените на членовите во Законот за заштита на децата. 360stepeni
ДУИ за одлуката на претседателката на државата реагираше во неделата, а денеска од партијата се спротивставија на изјавата на премиерот Мицкоски дадена вчера, во одговор на новинарско прашање.
„Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик враќајќи една застарена и неприфатлива формула, како што беше во законот од 2008 година, каде што албанскиот јазик се користеше само на барање на Албанците и преку пополнување посебни формулари. Libertas