Во рамки на теренските посети по општините – „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими вчера имаа средба со граѓани, претставници на бизнис – секторот, невладини организации и просветни работници од општина Аеродром на кои тие дале мислења, предлози и идеи за подобрување на квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните како зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачје на Аеродром, стимулирање на младите спортски надежи, зачувување на зелените парковски површини, надминување на проблемот со загадувањето на воздухот и бездомните кучиња . Фото: МИА Архива. Denesen