Англискиот таблоид „Sun“ откри како познатиот британски хирург Рошан Равиндран решил да го тужи Кристијано Роналдо за долг кој наводно е околу 40 илјади фунти (околу 48 илјади евра). Според информациите, Равиндран, попознат како „Д-р Рос“, тврди дека Португалецот му останал должен за третманите направени во 2021 и 2022 година, по враќањето во Манчестер Јунајтед.
Кристијано Роналдо се соочува со веројатно најнеобичните обвинувања досега во неговата кариера.