Екипата Реал Мадрид лесно дојде до трите бода на синоќешното гостување кај Леганес (0-3), но триумфот донесе и лоши вести за тимот, откако Винисиус Жуниор, кој го одигра целиот натпревар, заработи мускулна повреда што ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец.
Клубот ја потврди повредата, но не даде конкретна прогноза за времетраењето на опоравувањето.