Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска го објави списокот фудбалери на кои ќе смета за ноемврискиот циклус средби од Лигата на нации во кој на домашен терен ќе ги пречекаме Летонија (14 ноември) и Фарски острови (17 ноември), а на кој има тројца потенцијални дебитанти.