Екипата на Армани од Милано загуби во меч од шестото коло од италијанското првенство, откако вечерва беше катастрофално поразена на гостувањето кај Тренто (57-91). Ова е втор пораз за екипата за која од сезонава настапува и нашиот Ненад Димитријевиќ од почетокот на шампионатот, додека домаќинот продолжува со максимален учинок.
Еторе Месина и Олимпија Милано добија нов играч во ростерот, кој ќе треба да биде солидно засилување и ќе претставува конкуренција за нашиот Ненад Димитријевиќ на плејмејкерската позиција.