Рубен Аморим и официјално е новиот тренер на Манчестер Јунајтед, откако ја прифати понудата од англискиот гигант да седне на жешката клупа, што португалскиот стратег го потврди по синоќешната победа на Спортинг Лисабон над Естрела (5-1), во натпревар во кој неговиот се уште актуелен тим го задржа стопроцентниот учинок во првенството.
Официјално, Манчестер Јунајтед го назначи Рубен Аморим за свој нов тренер, кој доаѓа на местото на Ерик тен Хаг кој пред неколку дена доби отказ од „Олд Трафорд“.