Фудбалерите на Интер вечерва извојуваа далеку потешка од очекувањата победа против Венеција (1-0) и тоа на домашен терен во меч од 11. коло од Серија А. Италијанскиот првак се мачеше повеќе од очекуваното на „Џузепе Меаца“, а победата можеше да биде анулирана да не беше по интервенција од ВАР собата, која го поништи израмнувачкиот погодок на гостите буквално во последните секунди од средбата. Sport1