Арсенал наскоро ќе остане без една од клучните фигури во раководството откако Бразилецот Еду Гашпар им соопштил на клупските челници дека си заминува од „Емирати“.
Бразилецот кој своевремено и како играч настапуваше за „топчиите“ пет години е дел од клупската управа, најпрвин како технички директор, а од пред две години и како спортски директор, прв со ваква функција во историјата на Арсенал.