Чилеанската фудбалска ѕвезда Артуро Видал и неговите соиграчи од Коло Коло се осомничени за сексуален напад врз жена на забава, соопшти државното правобранителство во Сантијаго де Чиле.
Во кусото соопштение, обвинителството објави дека постои дојава за сексуален напад, насочен кон играчите на Коло Кол, вклучително и Видал, но засега никој не е уапсен.