Англискиот фудбалски судија Дејвид Кут се најде во центарот на скандал откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој ги навредува и нивниот поранешен тренер , нарекувајќи го клубот „го**а“, а Клоп „п**ка “. Кут, кој претходно се судри со Клоп поради контроверзните судиски одлуки, е суспендиран додека трае истрагата од страна на Премиер лигата.
Судиската организација на Премиерлигата поведе истрага против судијата Дејвид Кут откако се појави видео снимка на која тој користи навредливи зборови за Ливерпул и нивниот поранешен менаџер Јирген Клоп.