Руд ван Нистелрој беше привремено решение како тренер на Манчестер Јунајтед по отказот на Тен Хаг, а легендарниот голгетер максимално ја оправда довербата, на четири средби бележејќи три победи и едно реми, со 11 постигнати и три примени погодоци.
Тој останува миленик на фановите уште од играчките денови, а навивачите не заборавија да му се заблагодарат за сработеното во овој краток период, па по денешниот триумф над Лестер, Ван Нистелрој беше со овации поздравен од присутните на „Олд Трафорд“.