1 (8) ■ вести > свет ■ 22-Nov 08:06 -> 22-Nov 08:54
.
.
.
.

Медведев: Добивте тоа што баравте

  • Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Во врска со вчерашниот руски напад со суперсонична балистичка ракета врз Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност, на платформата „Х“ напиша „добивте тоа што баравте.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, на платформата Х, во врска со рускиот напад со хиперсонична балистичка ракета врз Украина, напиша „добивте тоа што побаравте“.

2 (108) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Nov 11:11 -> 21-Nov 20:43
.
.
.
.

Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

  • Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје

  • ЈО: Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП

  • Биро за јавни набавки: ЈСП избрал неприфатлива понуда, а други понуди немало

Градот Скопје вечерва ја поздрави одлуката на Владата со која, како што наведуваат, конечно се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните.

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

Од државното Јавно обвинителство денеска соопштија дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон, соопштија од Бирото за јавни набавки.

3 (8) ■ вести > македонија ■ 21-Nov 21:20 -> 22-Nov 08:22
.
.
.
.

За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје

  • Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот

Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.

Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, вечерва, на 15. вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

6 (7) ■ вести > македонија ■ 22-Nov 07:00 -> 22-Nov 08:33
.
.
.
.

Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер

  • ОБЛАЧНО И ВРНЕЖЛИВО В сабота на планините ќе падне снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

8 (43) ■ вести > македонија > политика > црна хроника ■ 20-Nov 15:12 -> 21-Nov 21:06
.
.
.
.

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

  • Ненајавено прашање го предизвика инцидентот во Собранието

  • Мециновиќ: ​​​​​​​Народот заслужува одговори - ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

  • (ВИДЕО) Избегната тепачка во Собрание: Апасиев затскриен зад сопартијците, провоцираше и фрлаше предмети кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

На денешната седница во Собранието, посветена на пратенички прашања, беше избегнат инцидент со физичка пресметка меѓу пратеници од Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ одржа прес-конференција во врска со денешната ескалација во Собранието која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања „Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници.

Денес во Собранието за малку беше избегната тепачка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

9 (29) ■ вести > свет ■ 21-Nov 13:18 -> 22-Nov 08:46
.
.
.
.

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамно

  • Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

  • Реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд за лидерите на Израел и Хамас

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека издавањето на налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од Меѓународниот кривичен суд (МКС) е „срамота“, пренесе Белата куќа.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас, Мухамед Диаб ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Ројтерс.

Пристигнуваат реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и командантот на Хамас Ибрахим ал-Масри, кој се смета за починат.

10 (66) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Nov 08:05 -> 21-Nov 14:44
.
.
.
.

Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата

  • Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател

  • Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември

  • СВЕДОКОТ ГО ПОБИ ТВРДЕЊЕТО НА ПАЛЕВСКИ ДЕКА ПОПРАВАЛ КОТЕЛ НА ДЕНОТ КОГА Е УБИЕН ПАНЧЕ Ерол Османи тврди дека Палчо дошол кај него на 28 ноември – ден по убиството на Вања

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Во Основен кривичен суд Скопје во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на обвинителството сведочат познаници на обвинетиот Љупчо Палевски.

На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција.

Сведокот Ерол Османи, кој беше повикан и од Обвинителството и од првообвинетиот Љупчо Палевски денеска го поби тврдењето на Палевски дека обвинетиот на 22 ноември му поправал котел.

11 (51) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Nov 01:16 -> 21-Nov 16:30
.
.
.
.

Сиљановска-Давкова в петок, на средба, лично ќе ѝ го честита на Шекеринска изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО

  • Изборот на Шекеринска за заменик-генерален секретар покажа дека не е важно кога сте станале членка на НАТО, велат САД

  • Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО

  • СДСМ: Наместо честитка, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска-Давкова одбраа да го одмолчат назначувањето на Шекеринска во НАТО

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова в петок, на средба што ја договориле денеска, лично ќе и го честита на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерална секретарка на НАТО.

САД ја поздравија изборот на Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО, истакнувајќи дека тоа покажува дека сите 32 сојузници имаат важна улога во иднината на Алијансата, без оглед на времето на нивното пристапување, пишува Според портпаролот на Стејт департментот, изборот на Шекеринска нагласува дека секоја земја во НАТО обезбедува суштинско лидерство.

Владата на Република Северна Македонија ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања.

Наместо да го честитаат успехот на Радмила Шекеринска, која како прва од нашиот регион е избрана за заменик-генерален секретар на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска-Давкова одлучија да останат заглавени во сопствената малодушност.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

147 (6) ■ бизнис > култура ■ 20-Nov 07:40 -> 21-Nov 14:53
.
.
.
.

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

  • Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје…“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана стручната книга од д-р Блага Панева – „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.

Вечерва (20 ноември), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде промовирана стручната книга од д-р Блага Панева – „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.