Тој е единствен што на пет меча нема примено гол и, според податоците на УЕФА, до мечевите во понеделникот, единствен меѓу голманите што забележа и една асистенција Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски е најуспешниот голман сезонава во фудбалската Лига на нациите (ЛН), откако по групната фаза прими само еден гол и е единствен меѓу чуварите на мрежата што по пет одиграни натпревари не прими погодок, според статистиката на Европската фудбалска унија (УЕФА). Згора, според податоците на УЕФА, до мечевите во понеделникот, Димитриевски е и единствен меѓу голманите што сезонава во Лигата на нациите забележа и една асистенција. Novamakedonija