Женскиот тим на Манчестер Јунајтед го победи Лестер Сити на гостински терен со 2:0, а натпреварот го одбележа неспортското однесување на две фудбалерки на „Црвените ѓаволки“.
Имено, при еден слободен удар за гостите, Елизабет Терланд и Мили Тарнер застанаа пред голманката на „Лисиците“, Џанин Лајциг, за да ѝ го попречат погледот и да ја спречат да постави жив ѕид.