Денеска продолжува судењето за случајот што ја вознемири македонската јавност, им се суди на обвинетите за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
„Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски“, потврдија денеска обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска, пред почетокот на новото судско рочиште за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.
Има материјални докази дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо е сторител на убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.