Навивачите на Манчестер Јунајтед очекуваа многу од доаѓањето на Аморим, но Португалецот ги разочара на своето деби.
Плановите на новиот тренер на „Црвените ѓаволи“ ги наруши Ипсвич, кој одигра храбро и стигна до реми од 1:1. Сепак, Рубен Аморим не беше многу загрижен по овој резултат, туку најави долг период на страдање, а од симпатизерите на Манчестер побара трпение.