Фудбалерот на Аталанта, Шарл де Кетеларе вчера влезе во одбрано друштво во Лигата на шампионите откако учествуваше во постигнувањето на пет гола во победата на неговиот тим над Јанг Бојс со 6-1. Белгискиот репрезентативец постигна два и асистираше за уште три гола на Аталанта и им се придружи на Лионел Меси, Луиз Адријано и Ерлинг Халанд кои досега го држеа рекордот во Лигата на шампионите со тоа што тие немаа асистенции, туку постигнаа по пет гола на еден меч. Sport1