Поранешниот играч на Ливерпул, Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Хавиер Маскерано, е именуван за нов тренер на Интер Мајами, официјално објави американскиот клуб.
Во Флорида, 40-годишниот стручњак повторно ќе соработува со својот долгогодишен пријател и поранешен соиграч Лионел Меси, како и со познати лица како Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.