Без разлика што е еден од најпознатите македонски фудбалери, тој беше расположен да раскаже повеќе за својот живот на теренот и надвор од него и тоа во „Мандарина“, место каде што најчесто ужива во своите омилени десерти и каде што ги стекнал првите работни навики помагајќи му на татко му. Елмас открива дека неговиот ден започнува рано, со тимот појадува во кантината пред да започне тренингот, по кој следува масажна терапија и сауна, што е дел од неопходната регенерација на телото. Sport1