1 (47) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 28-Apr 07:00 -> 28-Apr 18:25
.
.
.
.

Во Кривичен заврши сведочењето на Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

  • Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството

  • Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле

  • Ново судско рочиште за убиствата на Вања и Панче – Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителство

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупло Палевски во судот одговараше на прашањата на обвинителите.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

3 (30) ■ вести > македонија ■ 26-Apr 00:11 -> 28-Apr 16:34
.
.
.
.

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

  • Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат

  • Истрагата за првата антикорупционерка – Андоновски: Не е нарушен кредибилитетот на останатите членови на ДКСК

  • Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата.

Ова фрла дамка на институцијата и се надевам дека останатите членови на ДКСК, кои не се никако засегнати од овој случај, ќе успеат да излезат од таквата ситуација, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски коментирајќи ги случувањата во Антикорупциската комисија откако Обвинителството завчера ја осомничи претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“ и ѝ забрани контакт со предмети на ДКСК.

Власта ветува дека нема да ја искористи истрагата на обвинителството против се уште актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, за да ја блокира работата на оваа институција која е задолжена за контрола токму на работењето на државните функционери.

Димитровска итно да си поднесе оставка од чело на Антикорупциска бидејќи ја инфицира институцијата, и порача нејзината претходничка Билјана Ивановска.

5 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 28-Apr 16:29 -> 28-Apr 19:50
.
.
.
.

Кривични пријави против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба

  • Пензионирани жени - екс вработени во МВР ќе одговараат кривично: Го оштетиле буџетот на полицијата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против В.В.- пензиониран работник.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против В.В.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР и В.Н.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „началник“ на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ при МВР, за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

6 (23) ■ вести > македонија ■ 28-Apr 07:05 -> 28-Apr 16:02
.
.
.
.

Мисајловски и Лафчиски положија свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници кај Вејце

  • Делегација на Достоинство, предводена од Ангелов положи цвеќе во спомен на загинатите бранители во Вејце

  • 24 години од масакрот кај Вејце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници кои ги загубија своите животи кај месноста Вејце, во одбрана на татковината, се вели во Фејсбук статусот на министерството за одбрана. постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески.

Делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на нашите загинати браќа по оружје, објави на Фејсбук, Стојанче Ангелов, кој е и директор на Центарот за управување со кризи.

Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица.

8 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 28-Apr 12:48 -> 28-Apr 19:45
.
.
.
.

Претставници на аптекарите на средба со Дурмиши – бараат изземање од одлуката за објавување на цените

  • Ограничена маржа за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените, најавува Дурмиши

Здружението на приватни аптеки на РСМ (ЗПАРСМ) информира дека претставници на аптекарите одржале состанок со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со приговорот што го поднесоа до ова министерство за одлуката за објавување на цените на производите на веб-страниците на аптеките и маркетите.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најавува ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка која трае до задутре Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.

11 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Apr 10:46 -> 28-Apr 14:30
.
.
.
.

Рокас: Авторитетот и отпорноста на Уставниот суд се исклучително важни за владеењето на правото

  • Агелер: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

Реформата на уставното судство е една од најважните бидејќи Уставниот суд игра многу важна улога не само за обезбедување на владеењето на правото туку и за заштита на европските вредности, а реформата треба да одговори како најдобро да се заштити независноста и интегритетот на Уставниот суд во едно опкружување кое постојани се менува.

Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно, за граѓаните на оваа држава, ве молам, искористете го овој момент, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука.

Повеќе од
оваа категорија

83 (9) ■ спорт > фудбал ■ 26-Apr 20:11 -> 28-Apr 14:55
.
.
.
.

Манчестер Сити е во финалето на ФА Купот на Англија

  • Астон вила немаше решение за Сар, Кристал Палас прв финалист во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити сепак ќе се бори за трофеј оваа сезона откако „граѓаните“ се пласираа во големото финале на ФА Купот, откако попладнево на „Вембли“ славеа во полуфиналната пресметка против Нотингем Форест со 2-0. Нотингем има сезона од соништата во Премиер-лигата, но „шумарите“ попладнево беа шокирани по нецели две минути колку што им требаше на „граѓаните“ да поведат со 2-0. Поради ова „црвено-белите“ мораа да го променат пристапот, да ја отворат својата игра повеќе од вообичаено, но сепак се мачеа да го загрозат голот на Сити.

Екипата на Кристал Палас е првиот финалист во ФА Купот каде што се пласираше со денешниот триумф над Астон Вила од 3-0. Кристал палас предводен од одличниот Сар одигра на високо ниво и заслужено обезбеди место во битката за трофејот.

Повеќе од
оваа категорија

84 (4) ■ бизнис > македонија ■ 28-Apr 09:12 -> 28-Apr 09:47
.
.
.
.

Божиновска и Бислимоски ќе учествуваат на Енергетски самит во Атина

  • Божиновска на Балканскиот Енергетски Самит во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на 9. Балкански Енергетски Самит во Атина, Грција, кој се одржува под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Северна Македонија.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на 9. Балкански Енергетски Самит во Атина, Грција, кој се одржува под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Северна Македонија.