Кошаркарската федерација на Македонија се огласи по денешниот инцидент на пријателскиот натпревар помеѓу ТФТ и Чаир 2030 во кој беше Нури беше нападнат од лица кои се спуштија од трибината, а во својата реакција КФМ најавува казни за виновниците.
„Македонската кошаркарска федерација ќе ги преземе сите мерки, и ќе изрече соодветни казни за актерите во инцидентот кој се случи вечерва на пријателскиот натпревар помеѓу екипите на ТФТ и Чаир 2030, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, кој беше прекинат од страна на официјалните лица. Sport1