Поранешниот фудбалер на Партизан, Интер и Рома, Аде Љајиќ, кој сега настапува за српскиот прволигаш Нови Пазар, од пред неколку дена е нов член на - кошаркарскиот клуб Нови Пазар 1969, кој се натпреварува во Првата Машка регионална лига Запад Б. Клубот со оваа вест го привлече вниманието на јавноста, истакнувајќи дека Љајиќ нема целосно да ја замени фудбалската со кошаркарска топка, но ќе биде достапен за тренерот Хаџериќ кога ќе му дозволат обврските со фудбалскиот тим.
Звучи неверојатно, но се чини ќе стане вистината.