Бекот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ покажа одлична игра во поразот од Литванија со 94-72 во Арената „Швитурио“ во Клаипеда.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч против Литванија и постигна 43 поени, но се повреди во завршницата на дуелот и тоа му овозможи на ривалот да запише триумф од 94-72. Димитријевиќ по натпреварот кажа дека е горд на неговите соиграчи за прикажаната борба на теренот, но им честиташе и на ривалите за големата победа.
Ненад Димитријевиќ го одигра својот најдобар натпревар во дресот на македонската репрезентација, но за жал тоа не беше доволно за победа на нашата селекција на гостувањето во . Асот на беше нерешлива енигма за литванската одбрана, но откако се повреди, следуваше пад во нашата игра и Литванија го искористи тоа со убедлив триумф од 94-72. Димитријевиќ феноменалната партија ја заврши со 43 поени, а литванскиот репрезентативец Ажуолас Тубелис призна дека знаеле што ги чека кога на паркетот ќе биде популарниот Нено.