Портпаролката на шпанската влада Пилар Алегрија денеска изјави дека Мадрид се противи на создавање центри за мигранти во земји надвор од ЕУ, според моделот на договорот меѓу Италија и Албанија, откако претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ги повика лидерите на Унијата да го разгледаат ова прашање.
Европската комисија ќе предложи нов закон кој ќе го поддржи протерувањето на илегалните мигранти, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмото до членките на ЕУ. „Комисијата ќе претстави нов предлог-закон“ со „јасни обврски за соработка за вратените лица и желба за ефикасно рационализирање на процесот на враќање“, рече Фон дер Лајен како одговор на барањето на неколку земји-членки на ЕУ. „Потребна ни е нова правна рамка за да го зајакнеме нашиот капацитет за дејствување“, објасни таа во писмото пред самитот на ЕУ во четврток и петок во Брисел, кој делумно ќе биде посветен на прашањата за мигрантите.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, побара од лидерите на земјите од ЕУ илегалните имигранти да бидат депортирани во центри надвор од границите на Унијата и таму да чекаат одлука дали можат да добијат азил.