Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
0.00
8.32
0.54/0.00
4.00
1.11
0.28
291.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 23.6
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 23.6
Ekipa

Тој беше главната причина поради која Пелистер немаше одговор во рекетот (само 4 скока на домаќините во првата четвртина, наспроти 10 на Куманово), помагајќи му на својот тим да дојде и до двоцифрена предност (17-27). Лука Стојановски влезе и за нецела минута погоди две тројки, враќајќи го Пелистер во ритам и преполовувајќи ја негативата до крајот на четвртината(25-30). Во првиот дел од втората четвртина се играше израмнето, а потоа страстите за неколку минути зовреа поради судиските одлуки, па технички грешки добија Марин Докузовски и Бобан Стајиќ.

Завршницата од полувремето мина во знакот на Александар Костоски кој донесе пресврт, а по неговата асистенција до Едвардс домаќините заминаа на одмор со предност од 50-47. Во третата четвртина Пелистер неколку пати стигнуваше до „плус шест“, но кумановци покажаа карактер, успевајќи да се вратат и да не дозволат вицешампионот резултатски да се одлепи, па дури и да го свртат резултатот во своја полза (61-64). Лука Стојановски повторно погоди две тројки во серија за „зелено-белите“ и го врати Пелистер во водство, истиот кошаркар на нецела минута до крајот на четвртината погоди уште еден удар од далечина, па домаќините влегоа во последниот период со предност од 71-66. Битолчани експресно поведоа со 76-66 по нецела минута во последната четвртина, Докузовски зеде тајмаут, но Пелистер продолжи да го контролира резултатот. Ekipa