Македонскиот селектор Алек Јончевски ги избра дванаесетте кошаркари кои ќе добијат шанса за настап на денешниот натпревар против Литванија (18 часот, СРЦ „Кале“). Стручниот штаб се соочи со бројни проблеми поради отсуствата на Димтиријевиќ, Шортс, Хап и Јакимовски, надополнети со повредата на Магдевски, но Јончевски на крајот се реши од листата играчи кои тренираа изминатите денови да отпадне Марин Петков.