Беше јасно дека ќе имаме проблеми со играта под обрачите, па така гостите успеаја да ја искористат ситуацијата и повторно се вратија на високи +17 (34-50). Сепак, успеавме малку да го ублажиме ударот и успеавме со нова серија да се вратиме на единаесет поени разлика, публиката малку се разбуди со поддршка за кошаркарите, но на крајот на третата делница повторно бевме во висока негатива (43-64). Стануваше јасно дека Македонија нема да може се врати во некаква неизвесност, па во последните десетина минути гостите одиграа онолку колку што е потребно за да го заокружат триумфот. Gol