На средбата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43.поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер . За жал, неговиот перформанс не беше доволен за Македонија да ја изненади Литванија на гостински терен, иако Димитријевиќ постигна седум тројки, имаше и шест асистенции, четири скока, и три освоени топки, сето тоа доволно и за највисок индекс, 40. Односно највисокиот во четвртото коло од квалификациите, и избор за најкорисен играч во вториот круг од ФИБА „прозорецот“ во ноември. Sportski