Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат идни потпретседатели на СДСМ . СДСМ вечерва ја одржува првата седница на Централниот одбор, а Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова се избрани потпретседатели, неофицијално дознава ТВ Телма од извори во СДСМ. Telma