Повеќе од педесет експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Италија, Шпанија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија, Мароко, Финска и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки.
Конференцијата предвидува и две пленарни предавања, од истакнати професорки од оваа област: Светлана Слапшак (редовен професор и декан во пензија, Институт за балкански и медитерански студии и култура, ИБАМЕСК, Љубљана) и Катерина Колозова (редовен професор и директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје). Свеченото отворање на конференцијата е закажано за на 29 ноември во 10 ч., во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Republika