Меѓународно признание „Блаже Конески” на Македонската академија на науките и уметностите денеска му беше доделено на јапонскиот славист и македонист Мотоки Номачи, во рамки на одбележувањето на Денот на МАНУ. Nezavisen
По повод Денот на МАНУ, со што беа одбележани 57 години од основањето на Академијата, денеска се обрати претседателот на МАНУ, академик Живко Попов.
Во рамки на настанот беше положено цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, и беше промовирано изданието „Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург 1902-1917″. Novamakedonija
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе го одбележи Денот на Академијата.
Настанот ќе почне со положување цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, а потоа ќе се обрати претседателот на Академијата, Живко Попов. Nezavisen
Мотоки Номачи е од Токио каде што ги стекнал сите степени на образование.
Фокусот на неговиот интерес е граматичката структура на словенските јазици од аспект на јазичните контакти и историската лингвистика. Republika