Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, како што и се договоривме, тие во март годинаваќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, која е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, а во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.
Новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта, беше тема на разговор на денешната работна средба во просториите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) меѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК Јаким Неделков.