Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
50.07
26.19
0.91/1.41
8.00
4.35
0.54
785.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
15 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 369.1
Best clustering variants
15 0.99/0.01 2 369.1
Plusinfo

Македонската култура и македонскиот јазик живеат надвор од својата татковина благодарение на овие трајни пријателства и врски и ве уверувам дека и понатаму ќе работиме за тие да се унапредуваат и да се развиваат – нагласи министерот Љутков.

„Во присуство на голем број посетители, меѓу кои, покрај претставниците на македонската дијаспора се наоѓаа и писатели, преведувачи, членови на Словенечката академија на науките и уметностите, универзитетски професори и студенти, стихови од Шопов инспиративно читаа Соња Цекова Стојаноска и Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, кој ја организа промоцијата во соработка со Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, издавач на книгата“, соопшти Фондацијата „Ацо Шопов“. Plusinfo

  • Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов.
Netpress

На промоцијата, меѓу присутните гости беа и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, македонскиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, претседателот на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија, Бранислав Тасков, кои ја издадоа книгата, претставници на македонската дијаспора, професори, преведувачи и други личности од јавниот живот на Словенија.

Министерот Љутков упати благодарност до Сојузот на македонските културни друштва во Словенија за нивните заложби за промоција на македонската култура, до многубројните преведувачи, меѓу кои е и професорката по македонски јазик, книжевност и култура на Филолошкиот факултет во Љубљана, Намита Субиото, која е авторка на предговорот на оваа книга. Netpress

  • Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов.
13:41 h 22-Sep-2024
  • Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“, кој неодамна излезе во Словенија, вчера беше промовиран во Витешката дворана на Крижанке, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење, во Љубљана.
  • ◉ Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана
10:39 h
  • Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето – Zlati krog časa”, кој неодамна излезе во Словенија, беше промовиран вчера, сабота, 21 септември 2024 година, во Витешката дворана на Крижанке, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење, во Љубљана.
  • СЛОВЕНЦИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГО ЧИТААТ АЦО ШОПОВ И НА СЛОВЕНЕЧКИ И НА МАКЕДОНСКИ Се одржа промоција на „Златен круг на времето“ во Љубљана
09:26 h
  • Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“, кој неодамна излезе во Словенија, беше промовиран вчера, сабота, 21 септември 2024 година, во Витешката дворана на Крижанке, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење, во Љубљана.
  • Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана
A1on

Во присуство на голем број посетители, меѓу кои покрај претставниците на македонската дијаспора се наоѓаа и писатели, преведувачи, членови на Словенечката академија на науките и уметностите, универзитетски професори и студенти, стихови од Шопов инспиративно читаа Соња Цекова Стојаноска и Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, кој ја организа промоцијата во соработка со Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, издавач на книгата.

Во публиката беше забележан и Матеј Минати, син на првиот препејувач на Шопов на словенечки, чии препеви беа објавени во првата книга од македонски авор објавена во Љубљана во 1957 година, „Zlij se s tišino“ („Слеј се со тишината“). – При одбележувањето на „Годината во чест на Ацо Шопов“, по повод 100 години од неговото раѓање, во 2023 година, ни се стори логично да се вклучиме во овој значаен јубилеј со објавување на двојазичен избор од неговата поезија, и со него да потсетиме на одличните словенечки препеви на поети како Богомил Фатур, Иван Минати, Цирил Злобец, Северин Шали и Јоже Шмит, но и да ги претставиме и најновите препеви – изјави Намита Субиото, која е приредувач на изборот „Златен круг на времето“ и, заедно со Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска, автор на најновите препеви. A1on

Republika

Сево ова говори за човек и уметник со визија, со уметнички и општествен ангажман што создава трајни врски меѓу неговата родна Татковина и државата која е неговиот дом, порачал министерот Љутков во Крањ, додавајќи дека само со посветеност и љубов, словенечката и македонската култура се интегрираат, отвораат можности за соработка во туризмот и во другите сфери, создаваат нераскинливи врски кои се белег на одличната билатерална соработка.

Македонскиот министер за култура и туризам во текот на вчерашниот ден во Љубљана, заедно со словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух присуствуваше на богослужба во македонската црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана. Republika

  • Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов.
A1on

Потсетувајќи дека ова е прва книга од ваков вид издадена надвор од границите на Македонија, бидејќи во неа, покрај ликовните дела на академскиот сликар Боге Димовски кој живее во Крањ, се застапени повеќе генерации преведувачи на Шопов, Тасков изрази надеж дека ваквата пракса ќе продолжи и дека овој проект ќе послужи како пример во иднина.

Како пример треба да послужи и една од позначајните димензии на овој проект, а тоа е духот на ентузијазмот кој владее со него и доброволната работа на сите соработници, вклучувајќи ги и наследниците на авторските права на Ацо Шопов и на неговите словенечки препејувачи кои ги отстапија правата без надоместок, како и уметниците кои со своите музучки интерпретации ги збогатија сордржините на литературната вечер: Маја Кастратовиќ (пијано), Зоран Митев (фагот), Даниела Радевска (вилолончело) и Вероника Стојаноска (фагот). Како директен сведок на тој ентузијазам и учесник во проектот, нашиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, го почна своето обраќање со стихови од „Очи“ од Ацо Шопов, привлекувајќи го вниманието на публиката кон влогот на поетот во остварувањето на сонот за македонска држава, како и кон улогата што книгата „Златен круг на времето“ објавена во Словенија може да ја одигра во образованието на младите генерации. A1on