Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
58.57
18.32
0.00/0.90
4.00
2.55
0.64
243.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 182.4
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 182.4
Skopjeinfo

Како една од основните карактеристики на сликарството на Емил Шулaјковски за почеток може да ја издвоиме доследноста на константата која подразбира визуелизација на доживувањата преку експресионистичка изразност со боја врз платно, при што авторот ги спојува лирската апстракција и апстрактниот експресивен гест во динамични ликовни форми со пантеистичка животна и уметничка филозофија.

Изложбата насловена „Сенки во облаците“, е составена од пет одвоени циклуси, создадени во период помеѓу 2022 – 2024 година (при што доминираат слики од 2023 и 2024 година, но се претставени и неколку дела од 2019 година), со издвоени наслови „Градина на задоволствата“ (2019-2023), „Трансформација на симболите“ (2023), „Рефлексии на моментот“ (2023-2024), „Виор во мислите“ (2023-2024) и „Сенки во облаците“ (2023-2024), изведени во техниките масло и акрил на платно, како и акварел на хартија, што од своја страна претставува увид во еден опсежен творечки континуум, во кој на извесен начин се сублимирани „состојбите“ на емоциите и свеста, односно личната естетиката на создавањето. Skopjeinfo