Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години.
Во разговорот што со неа ќе го води Иван Антоновски ќе се оствари обид за ново препрочитување на поезијата на Петре М. Андреевски и за согледување на некои аспекти што досега не се афирмирани пред пошироката јавност. A1on
Во Културно информативниот центар – Скопје, вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 – 2023)“ од уметникот Сергеј Андреевски. Nezavisen
Сликар ‒ поет и раскажувач.
Во овој избор од четириесетина разговори, интервјуа и изјави за медиумите во периодот од 1985 година, веднаш по завршувањето на студиите на Факултетот за ликовни уметности, па сѐ до крајот на 2023 година, Сергеј Андреевски „Со свои зборови“ раскажува за неговите почетоци, за неговото семејство, за Скопје и за Слоештица, за сите места на кои изложувал и творел, на речиси сите континенти на светот, за повеќе од 60 самостојни и повеќе од 200 групни изложби, претставувајќи го македонското ликовно творештво во светот, но и донесувајќи го светот кај нас, во Македонија, во Слоештица, на неговото семејно „АРТ ПОИНТ ‒ ГУМНО“. Republika