Вечерва, со почеток во 18 часот, во Културниот и информативен центар во Битола ќе се отвори изложбата насловена „Париски рефлексии 2 и 3“. Оваа изложба беше реализирана во соработка со Францускиот институт во Скопје, односно со Амбасадата на Франција, и три дела на „Париски рефлексии“ беа претставени во „Чифте-амам“.
Културно информативниот центар-Битола вечер во соработка со Француското конзуларно претставништво и Француската Алијанса ќе отворат изложба „Париски рефлексии 2 и 3“. Пред битолската јавност ќе се претстави втората генерација автори кои се родени до 1930 година, и се вклучиле во дефинирањето на ликовната сцена кај нас по Втората светска војна, односно Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Миле Корубин, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски.