Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните посети на институциите од областа на културата, денеска го посети Македонскиот народен театар, а присуствуваше и на пробата на актерите за претставата „12“ , адаптација на познатото сценарио „Дванаесет гневни луѓе“ во режија на Синиша ефтимов.
Во изјавата за медиумите Љутков рече дека во МНТ затекнал две состојби – од едната е пресреќен, откако видел како течет работите на претставите што се во тек, додека од другата, како што рече, е ужаснат и шокиран. Mk