Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик . Настанот ќе се одржи на 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2. „Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, , која важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, ‘Лицето на зборовите’, објавена пред точно дваесет години.
Во Културно информативниот центар – Скопје, вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 – 2023)“ од уметникот Сергеј Андреевски.