Вистински спектакл вечерва во Македонската филхармонија.
Со многу емоции, овации, неколкуминутни аплаузи на отворена сцена и полна сала до последното место, во Македонската филхармонија вечерва се одржа предновогодишен концерт во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. Denesen
Како што информираат од МО, на концертот, кој оваа година се изведува под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, ќе се изведе репертоар од различни нумери од познати светски автори: Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, како и повеќе нумери од познати композитори од земјите на оркестрите.
На предновогодишниот концерт ќе присуствуваат претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Македонија, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор, активни и пензионирани генерали на Армијата, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и командите на Армијата и други гости, се вели во денешното соопштение од Министерството за одбрана. Kanal5