Воениот оркестар на Армијата во изминатиот период има реализирано голем број на концерти, а многупати и во останатите градови во Републиката.
Особено забележителни беа настапите: на воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Словенија во 2023 година; со воениот оркестар на ВС на Албанија по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата; трилатералниот предновогодишен концерт со воените оркестри на Албанија и Хрватска во 2019 година, во која година беше и заедничкиот концерт на пет воени оркестри во рамки на активностите за одбележување на „Недела на НАТО“, каде изведби имаа оркестарот на Армијата на САД за Европа, Грција, Словенија и Обединетото Кралство; потоа трилатералниот концерт во 2018 година со воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, а уште претходно забележителен настап имаа и со воениот оркестар на Република Турција во 2014 година. Nezavisen
Предновогодишниот концерт го проследија претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Македонија, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија, активни и пензионирани генерали на Армијата, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и командите на Армијата и други гости.
Воениот оркестар на Армијата во изминатиот период има реализирано голем број на концерти, а многупати и во останатите градови во Републиката. Kanal5