Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ овој месец почнува со целосна дигитална трансформација.
За година до година и половина, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, очекува да се дигитализираат основните студентски сервиси, со што би се избегнале долгите редици пред студентски прашања каде се заверуваа семестри и се пријавуваа испити.