Фото/ facebook.com/rkalkaloid Финалниот реванш во ЕХФ купот меѓу Алкалоид и АЕК не започна.
Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање, изјави Горан Минов, претседател на РК „Алкалоид“.
Одиме да испишеме наша историја и да имаме помалку чувства на каење отколку во првото финале, бил коментарот на тренерот на АЕК Фредерик Бужан во пресрет на реваншот со Алкалоид в недела, според спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, јави дописничката на МИА од Атина.
Текот на европската сезона на Алкалоид буди задоволство и кај раководството на клубот кој во само неколку години постоење дојде во ситуација да игра за европска титула.