Полицијата во Лос Анџелес почна да апси луѓе во центарот на градот доцна во вторникот, додека групи се собираа кршејќи го ноќниот полициски час по петтиот ден протести против строгата имиграциска политика на Доналд Трамп.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес.
фото: ЕПА Баталјон маринци веќе е распореден во Лос Анџелес.
Најмалку 10 лица беа уапсени во неделата за време на немирите, поттикнати од имиграциски рации од страна на американските власти, јави Би-Би-Си. Безбедносните сили користеле солзавец и гумени куршуми за да ги растераат демонстрантите, поради кои е затворен дел од автопатот 101.