Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
Во тек е голема потрага по осомничениот за пукањата, кои се водат како политички мотивирани атентати, а во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро (ФБИ) Двајца американски политичари од редовите на демократите, членови на законодавниот дом на сојузната држава Минисота утрово биле застрелани во нивните домови, во два одделни случаи, јавуваат медиумите во САД и во Велика Британија.
ТВ Си-би-ес пренесе претходно дека во возилото на Батлер е пронајден список со голем број можни мети, со повеќе од 50 имиња, меѓу кои се имиња на службеници кои не се од Минесота, активисти за правото на абортус и медицински персонал кој работи на такви зафати.
Поранешен помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц, се бара во врска со атентатот врз државен претставник и напад врз сенатор, соопштија полициски извори.