За поддршка на семејствата со деца во Германија постојат два вида помош: детски додаток (Kindergeld) - месечна исплата на средства за деца, која од јануари 2023 година изнесува по 250 евра за дете, и надомест за деца (Kinderzuschlag) – наменет за семејства со деца со ниски приходи, кој се пресметува индивидуално за секое дете и може да изнесува до 250 евра месечно. Vecer
Како дополнителна помош за семејствата со повеќе деца, од 1 јули 2023 година се применува и намалување на основната стапка за придонеси за осигурување за долгорочна нега во зависност од бројот на издржувани деца на возраст до 25 години.
Така, стапката на овој придонес за лица со две издржувани деца изнесува 3,35 отсто, за со три деца 3,1 проценти, со четири деца 2,85, а за со пет или повеќе деца 2,6 отсто. Mms