На почетокот на април, кога Трамп првпат го покрена ова прашање, царините за увоз од Србија беа 37 проценти, но синоќа беше објавено дека тие ќе продолжат да бидат 35 проценти.Тој, исто така, испрати писмо до Жељко Цвијановиќ, кој е претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, дека царината за увоз на стоки од Босна и Херцеговина ќе биде 30 проценти.Инаку, Трамп најави царини од 25 проценти за Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан, 30 проценти за Јужна Африка, 32 проценти за Индонезија, 35 проценти за Бангладеш, 36 проценти за Камбоџа и Тајланд и 40 проценти за Лаос и Мјанмар.