Добивај вести на Viber Само во текот на изминатата вечер при акции на полициските екипи се лишени од слобода шест возачи поради возење под дејство на алкохол, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие (05/06.07.2025) во рамки на тековните активности на полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи евидентирани се шест случаи на управување на возило под дејство на алкохол, односно шестмина возачи кои што се исклучени од сообраќај и против кои што ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ („безобѕирно управување со моторно возило“). Така, вчера вечер околу 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници при сообраќајна контрола на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица го лишија од слобода И.И. (43) од село Косевица, кој управувал патничко моторно возило „Ауди“, без стекната возачка дозвола а под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.